ОФИЦИЈАЛНО: Саздовска продолжува во Слатина, ќе игра заедно со Мицевска!

Репрезентативката на Македонија, левото крило Јована Саздовска, ќе остане во Романија, но ќе има друг клуб.

Саздовска во следната сезона ќе настапува за Слатина и во романскиот прволигаш ќе игра заедно со Јована Мицевска, која исто така пред извесен период се одлучи за промена на клупската средина.

30-годишната ракометарка минатата сезона со екипата на Дунареа Браила го освои четвртото место во националниот шампионат и бронзениот медал во Купот на Романија.

Левото крило во Македонија беше дел од екипите на Металург и Вардар, со „црвено-црните“ играше и во Лигата на шампионите, додека на интернационално ниво настапуваше и за некогашниот шампион од Германија, Турингер.

Со германскиот тим две сезони, 2018/19 и 2019/20, играше во европската елита и беше една од подобрите во тимот.

Јована Саздовска пред трансфер во Слатина?