Слатина го потврди трансферот на Јована Мицевска

Романскиот тим Слатина преку социјалните мрежи за ново засилување ја промовираше репрезентативката на Македонија, Јована Мицевска.

Голманката откако пет сезони настапуваше во Франција одлучи да ја промени клупската средина.

Мицевска во новата сезона ќе го има вториот интернационален предизвик во својата кариера.

Во Франција беше дел од Ница, додека во Македонија настапуваше за поранешниот шампион Вардар.

Слатина во следната сезона ќе игра во Првата лига во Романија, но клубот има амбиции експресно да се врати во суперлигашката конкуренција.

Пред трансфер во Слатина се наоѓа репрезентативната колешка на Мицевска, левото крило Јована Саздовска.