ОФИЦИЈАЛНО: Порто ја промовираше замената за Кинтана (ФОТО)

Откако португалскиот првак Порто остана без Алфредо Кинтана, кој по срцевиот удар ја загуби најважната животна битка, стана јасно дека ќе мора да биде ангажиран уште еден чувар на мрежата.

Замената за Кинтана е пронајдена во Веспрем. Унгарскиот репрезентативец Мартон Шекељ се пресели во Порто и ќе формира дуо со Никола Митревски.

Шекељ не добиваше многу шанса покрај одличните Владимир Цупара и Родриго Коралес, па трансферот во Порто сигурно е добра прилика да покаже колку може.

Унгарскиот чувар на мрежата има 31 година, пред Веспрем беше член на ПЛЕР, Татабања, Балатофуреди и Чурго, а траснферот во Порто е прв за него во странство.