ОФИЦИЈАЛНО: Од Вардар се сели во Битола – Дејан Кукуловски потпиша за Еурофарм Пелистер!

Тимот на Еурофарм Пелистер денеска го промовираше најновото засилување – левиот бек Дејан Кукуловски кој доаѓа од Вардар. Овој трансфер го најави 24Ракомет уште пред повеќе од месец дена, а битолскиот клуб го официјализираше денеска.

Се работи за играч, кој ги помина младинските екипи на Вардар, а потекнува од школата од Ресен. Настапуваше за составот на Вардар Јуниор, кој се натпреварува во Суперлигата, додека повремено добиваше и шанса за игра во првиот тим.

Дебитираше за првиот тим на Вардар во СЕХА лигата пред две години, додека минатата сезона постигна и два гола на натпреварите во Лигата на шампионите.

Кукуловски се обврза на договор на три сезони и дел е од проектот на Жељко Бабиќ во клубот од Битола. До овој момент нови членови на Еурофарм Пелистер се Мараш, Мандалиниќ, Кушан, Периќ и Танкоски.