ОФИЦИЈАЛНО: Никола Митревски потпиша за Порто! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик. 24Ракомет прв најави пред еден месец за интересот од Порто, а денеска португалскиот првак го официјализираше трансферот на битолскиот чувар на мрежата.

Во комбинација беше и европскиот шампион Вардар, но Митревски реши да се врати во позната средина, со оглед на тоа што го носеше дресот на Бенфика две сезони, од 2015 до 2017 година.

На поголемиот дел од натпреварите во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, Митревски беше клучен играч на Еурофарм Пелистер, но сепак се реши да замине.

Покрај настапите за Еурофарм Пелистер, тој беше дел од Вардар и Металург, како и од романската Констанца. Во Порто ќе формира дуо на голманската позиција, заедно со Португалецот Алфредо Кинтана.