ОФИЦИЈАЛНО: Ненад Костески се враќа во Македонија – потпиша за Еурофарм Пелистер!

Тимот на Еурофарм Пелистер го донесе шестото засилување за новата сезона. Клубот постигна договор со хрватскиот првак Загреб и го откупи договорот на младиот репрезентативец на Македонија, Ненад Костески.

Како што прв најави 24Ракомет уште пред три седмици, 19-годишното десно крило стави потпис на тригодишен договор со Еурофарм Пелистер. Овој млад ракометар кариерата ја започна во Струга, а од минатата сезона се пресели во Хрватска.

По доведувањето на двајца млади ракометари, како Кукуловски и Танковски, битолскиот клуб ангажираше трето домашно засилување и наскоро ќе го претстави пред јавноста. Костески се наоѓа во Загреб и се очекува негово пристигнување во нашата земја. Стружанецот ќе се јави на прозивката на Жељко Бабиќ на 27 јули.

Еурофарм Пелистер претходно се засили со Танкоски, Периќ, Мараш, Мандалиниќ и Кушан. Договорите се продолжени со Трајкоски, Вегар, Граџан, Ѓукиќ и Кукоски.