Официјално: Мешков Брест има нов тренер!

Мешков Брест доведе нов тренер откако Даниел Гордо поради ситуацијата меѓу Русија и Украина го напушти клубот.

Во Брест за привремен тренер го назначија Дмитриј Тихон.

„Во наредниот период 44-годишниот Дмитриј Тихон ќе биде главен тренер на Мешков Брест“, потврдија од клубот.

Од 2006 до 2015 година Тихон работеше како главен тренер во Грондо Кронон. Во 2015 година се пресели во Полска во редовите Биала Подалски со кој се врати од трета во втора лига. Полска ја напушти летото 2021 година за да се врати Кронон од каде што сега го презема Брест.

На клупата ќе дебитира на 5. март во натпреварот против СКА Минск.