ОФИЦИЈАЛНО: Давид Дејвис е нов тренер на Вардар!

Шпанецот Давид Дејвис Камара во пролетниот дел од оваа сезона ќе го предводи тимот на Вардар.

Повеќекратниот македонскиот шампион и двоен европски првак го реши прашањето на тренерското место со ангажирањето на 45-годишниот Дејвис, кој по пауза од повеќе од три години повторно се враќа во Скопје.

Дејвис ќе остане во Вардар до крајот на сезонава по што управата и тренерот ќе разговараат за продолжување на соработката. Тој во периодот од 2014 до 2018 година беше дел од Вардар и заедно со Раул Гонзалес на клупата ја освоија првата шампионска титула за „црвено-црните“ и уште еднаш играше на Ф4 турнирот во Келн.. Работеше и како дел од женскиот тим на Вардар.

Потоа беше и помошник во репрезентацијата на Русија, селектор на Египет, а последниот ангажман му беше како тренер на Веспрем.

Подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе почнат на 10 јануари и истите ќе се одвиваат во Скопје. Веќе во февруари почнуваат натпреварите од домашната лига, продолжува Лигата на шампионите, а ќе почнат и дуелите од СЕХА лигата.

По ремито во Битола, против Еурофарм Пелистер за Вардар е се поблиску рекордната 15. титула во домашното првенство.