Остроушко не се договори со Констанца, па потпиша за катарскиот Ал Рајан!

Украинскиот репрезентативец Владислав Остроушко, кој беше прв стрелец во Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, од следната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Левиот бек потпиша за катарскиот тим Ал Рајан, кој ќе биде предводен од македонскиот стратег Звонко Шундовски.

Остроушко имаше комбинација за трансфер во Констанца, но романскиот тим кој е предводен од екс стратегот на Еурофарм Пелистер – Ѓорѓе Чирковиќ, се реши да го ангажира Русинот Витали Комогоров.

Украинскиот лев бек претходно беше дел од Кадетен, Мешков Брест, Баја Маре, Селка, Азоти Пулави, Динамо Минск, Мотор Запорожје…