Ослабениот Ѓер пресилен за Будуќност, останува лидер без пораз

Ракометарките на Ѓер и после осум кола остануваат непоразени во Групата Б од Лигата на шампионите, а денеска ја остварија својата шестта победа откако го совладаа Будуќност со 34:29. Тимот на Будуќност добро го почна натпреварот, го имаше почетното водство и го одржуваше до завршницата на првиот дел.

Гостинките поведоа со 3:1, потоа има и три предност 9:6, но не успеаја да го сочуваат до крајот на првото полувреме. По 30 минути игра Ѓер имаше два позитива, 18:16. Во продолжението доминираше домашната екипа. Уште на стартот на второто полувреме Ѓер поведе 23:17 и оваа предност немаше проблеми да ја сочува до крај. Офтедал со 10 гола кај Ѓер и Лекиќ со 11 гола за Будуќност беа најефикасни.

Иако Ѓер настапи многу ослабен со само 11 ракометарки во ростерот во кој беше Едуарда Аморим која воопшто не настапи на натпреварот немаше проблеми да освои нови бодови и да остане непоразен во групата Б од Лигата на шампионите.

Словенечкиот претставник Крим на домашен терен беше поразен од Ференцварош со 26:32. Домашниот тим имаше сили да се спротивстави на противникот само едно полувреме. По првиот дел резултатот беше израмнет 13:13.

Во второто полувреме Ференцварош имаше далеку подобро издание што беше доволно за конечен триумф. Најзаслужни за победата беа Малештајн и Хафра со по осум погодоци. Крим останува на една победа, додека ова беше четврти триумф за Ференцварош.