Освојувачот на Куп трофејот го задржа тимот – нови договори за Илјаз, Божиноска, Трајковиќ…

Откако беа обновени договорите со десниот бек Ива Младеновска и пивотот Александра Коловска, тимот на Металург продолжи соработка со уште шест ракометарки.

Освојувачот на Куп трофејот минатата сезона постигна нови договори со голманката Амра Илјаз, левото крило Мила Трајковиќ, левите бекови Јана Калајџиевска и Ива Божиноска, десното крило Марија Гугуљанова, како и средниот бек Ивана Арсениевска.

Тоа значи дека Јулијана Дамчевска и Крсто Петрушевски ќе го имаат практично истиот состав на располагање од минатата сезона, со кој ќе се обидат да стигнат до нов успех на домашно тло.

Веќе в сабота стартува Женската лига, а Металург ќе ја отвори сезоната со домашен натпревар против Овче Поле СУ. Покрај домашните обврски, тимот од Автокоманда го чека и двомеч со ПАОК Солун во рамките на Европскиот Куп.