Освојуваат и европски титули, ама најдобрите им заминуваат кај најголемиот ривал

Екипата на Локомотива Загреб заслужено по шести пат го освои Купот на Хрватска. Тимот предводен од Ненад Шоштариќ за само неколку години направи голем успех. Сезонава беа на чекор да го освојат и Европскиот куп каде што играа во финалето.

На крајот на сезонава една од најдобрите ракометарки на Локомотива, Лариса Калаус заминува во Подравка. Ова е само уште еден во низата трансфер од Локомотива во ривалот заради подобри услови и повисоки плати. Едноставно клубот нема доволно средства да ги задржи најдобрите ракометарки.

„Можеби наскоро тоа ќе се промени, можеби наскоро ќе имаме можност да ги задржиме своите ракометарки. Во секој случај Лариса многу ќе ни недостига и ќе биде тешко да се надомести. Ние сме екипа кој создава играчи, имаме многу млади и талентирани ракометарки и верувам дека повторно ќе создадеме некоја нова Лариса“, изјави Клаудија Бубало за vecernji.hr.

Како еден од најголемите успеси во измниативе години е освојувањето на Челинџ Купот. Во моментов Локомотива каде што настапува и Андреа Седлоска се наоѓа на третата позиција на табелата.