Освен клуб, си најде и сопруга: Ракометна свадба во време на корона (ФОТО)

Минатото летото египетскиот репрезентативен пикер, Мохамед Мамду, потпиша за Динамо Букурешт.

Освен добар клуб, по само неколку месеци Мамду си најде и животна сопатничка во романската престолнина.

Мамду и симпатичната русокоса Хумејра (Романка со турско потекло) се запознале во јануари, а по само шест месеци врска решија да стапат во брак.

На свадбената прослава беа присутни голем дел од соиграчите на Мамду од Динамо Букурешт меѓу кои Савенко, Кудуз, Вујиќ, Мисауи, Хумет…

За разлика од Македонија, во Романија може да се прават свадби и во корона време…