Орешков: Доволен ни беше мотивот дека треба да останеме во елитата!

Во Неготино и во следната сезона ќе се игра супелригашни ракомет откако во баражот за опстанок на неутрален терен Вардар Неготино го победи Драчево со 27-22 (14-12). Како 14. екипа од плејофот играа со третопласираниот тим во Прва лига.

Најефикасен во победничката екипа беше Ѓорѓи Орешков, кој погодуваше кога беше најпотребно.

Орешков дуелот го заврши со пет постигнати погодоци, но на свое конто запиша и голем број асистенции.

Младиот ракометар истакна дека неговиот тим бил доволно мотивиран и подготвен да ја заврши денешната, најважна задача за штотуку завршената сезона.

,,Имавме многу добар старт, тргнавме фуриозно, но потоа кога водевме 5-6 гола разлика дојде до опуштање во нашите редови. Драчево го искористи тоа и намали, на полувреме имавме 14:12, а пауза се договоривме да изиграме тоа што го имаме тренирано и зацртано во претходниот период, бевме помотивирани, имавме голема поддршка од двајцата голмани и резултатот сам си дојде. Голема улога има и нашето стекнатото искуство низ суперлигашките натпревари, ние во оваа сезона имавме многу подобри натпревари и квалитетни за разлика од Драчево, кој немаше многу сериозни ривали во Првата лига. Едноставно, искуството и мотивот беа клучни за денешната победа. Доволен мотив ни беше дека само треба да обезбедиме опстанок, ништо друго”, изјави Орешков за 24Ракомет.

За Вардар Неготино следува одмор, но во меѓувреме клубот ќе работи на склопување на ростерот за следната натпреварувачка сезона, во која повторно ќе се натпреварува во елитата.

Вардар Неготино го доби баражот за опстанок и останува во Супер лигата