Општина Ѓорче Петров со специјална награда за македонскиот шампион (ФОТО)

Во рамките на денот на Општината Ѓорче Петров, беше одржано и доделување на специјални награди за афирмација на општината.

Градоначалникот Александар Стојкоски им додели специјална плакета на ракометарките, стручниот штаб и раководството на Ѓорче Петров.

Ѓорче Петров ја освои титулата во Женската лига минатата сезона и по 13 години се врати на тронот во женскиот клупски ракомет во Македонија.

Клубот предводен од Симе Симовски оваа сезона освен на домашната сцена ќе биде активен и на меѓународна сцена во Европскиот Куп.