Ончев и Лазаревски со Тримо до гостински триумф кај Рибница

Тимот на Тримо Требње, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци, Тоше Ончев и Милан Лазаревски, славеше победа во словенечкиот шампионат.

Тримо без поголеми проблеми стигна до бодови на незгодното гостување кај Рико Рибница и трумфираше со 30-32 во натпревар од 20 коло.

Ончев стрелаше пет пати во домашниот гол, додека кружниот напаѓач Лазаревски се запиша еднаш во листата на стрелците.

Тримо сега има 35 бодови на второто место на табелата во Словенија, а Целје кој има натпревар повеќе е лидер со 41 бод, а тоа значи дека ќе гледаме интересна трка за титулата.