Она на што не можеме да влијаеме, не треба да нè троши

Завршниот турнир во Лигата на шампионите во женска конкуренција за сезоната 2019/2020 нема да се одржи откако Европската ракометна федерација донесе одлука за истиот да не се игра.

Поголемиот дел од клубовите се разочарани поради фактот што нема да имаат можност да играат, па оттаму има многу негативни коментари. Сепак, еден од тренерите кои не се оптоваруваат со ова односно се свесни дека се немоќни да реагираат е стратегот на Будуќност, Драган Аџиќ кој вели дека мора да го прифатат овој момент. Будуќност беше еден од тимовите кои требаше да играат на завршниот турнир за последната сезона.

„Жал ми е поради откажувањето на завршниот турнир бидејќи тоа беше единствена шанса за сите учесници да се најдат на два финални турнир во десет месеци. Таква спортска причина будеше посебна енергија и чувство, но ова време е такво што не можеме да бидеме сигурни што ќе ни донесе утре. Она на што не можеме да влијаеме не треба ниту да не троши. Можеме да дадеме сè од себе и да се фокусираме на она што можеме да го правиме. И треба да бидеме подготвени на сè“, вели Аџиќ.

Клубовите полека се подготвуваат за старт на тренинзите односно подготовките за новата сезона и сосема извесно е дека тие ќе работат според планот кој го имаат, но останува непознато што ќе се случува и во новата сезона бидејќи пандемијата со коронавирусот и понатаму е присутна.