Од утре продажба на влезници за Еурофарм Пелистер – Мешков, се очекува битолски пекол за гостите!

Еурофарм Пелистер го очекува значаен натпревар против Мешков Брест во четвртфиналето од СЕХА лигата, а од утре ќе бидат пуштени влезниците во продажба.

Влезниците по цена од 200 денари може да се набават на три локации во Битола, а се очекува полна сала и голема поддршка.

Битолчани имаат шанса против белорускиот првак со победа да се пласираат на завршниот турнир во хрватскиот град Задар.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест се игра в четврток со почеток во 20:15 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.