Од утре во продажба – билети за големото дерби по 200 денари

Тимот на Еурофарм Пелистер објави дека билетите за големото дерби против Вардар ќе бидат од утре во продажба.

Тие ќе се продаваат по цена од 200 денари, нема да има онлајн продажба, и ќе може да се купат само на една локација.

Билетите за дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се продаваат утре пред салата „Боро Чурлевски“ од 16:00 часот, а една личност ќе може да купи најмногу три билети.

Натпреварот што ќе го реши прашањето околу македонскиот шампион ќе се игра в сабота со почеток до 19:00 часот.