Од Пролет во Словачка: Ѓорѓе Голубовиќ се пресели во Татран

Десниот бек Ѓорѓе Голубовиќ, кој лани настапуваше за скопски Пролет во новата сезона ќе ги брани боите на словачкиот шампион Татран Прешов.

Татран Прешов во последен момент остана без бразилскиот интернационалец Гиљерме Линарес, кој се пресели во Португалија, па веднаш реагираше и го ангажираше поранешниот играч на Пролет и Металург.

Голубовиќ потпиша договор на една сезона со можност да биде продолжен. Тој ќе има српско друштво на десната бековска позиција во Прешов во името на Никола Ивановиќ, поранешен десен бек на Еурофарм Пелистер.

Татран Прешов утре ќе се соочи со Веспрем во четвртфиналето во регионалната СЕХА лига, а потоа ќе се упати кон Македонија, каде што ќе игра на Струшкиот турнир од 16 до 20 август.

Голубовиќ играше за Металург, а потоа настапуваше во Шпанија, Полска и Швајцарија.