Од Мешков порачуваат: Ќе биде интересно да се игра против „новиот“ Вардар

Еден од ривалите на Вардар во новата сезона од Лигата на шампионите ќе биде добро познатиот Мешков Брест.

Тренерот на белорускиот првак вели сите клубови што играат во елитата се силни и нема лесна ждрепка.

„Беше јасно дека нема шанси да добиеме лесна група. Сите 16 екипи се силни. Не размислував кои екипи ќе ни се паднат, сакав да уживам во ждрепката. ПСЖ, Фленсбург, ПИК Сегед и Келце се екипите кои имаат големо европско искуство, Вардар е различен од лани, ама уште го има „костурот“. Ќе биде интересно да се игра против „новиот“ Вардар. Порто го знаеме од лани и знаеме што може да очекуваме на тие наптревари. Мора да го дадеме најдоброто од себе од прва до последна минута“, изјави Алонсо.

Вардар во првото коло ќе гостува токму кај Мешков Брест на 16 или 17 септември.