Од Металург во Tрета германска лига – Калуѓеровиќ потпиша за Потсдам

Црногорскиот интернационалец Василије Калуѓеровиќ кој во пролетниот дел од сезоната во Супер лигата го носеше дресот на Металург се сели во третата германска лига и ќе настапува за екипата на Потсдам.

Калуѓеровиќ пристигна во Металург во февруари и имаше одлични настапи за тимот од Автокоманда, а неколкупати беше прогласуван и за играч на колото. Сепак екипата на Металург не успеа да го задржи црногорскиот репрезентативец.

Калуѓеровиќ со Потсдам потпиша договор на една година. Овој клуб од Берлин го предводи првиот човек на Фуксе Берлин – Боб Ханинг и практично претставува втор тим на „лисиците“.

Средниот бек во минатото има настапувано за Ловќен, од каде премина во сотавот на Извиѓач пред да замине во шведскиот Гуиф каде што помина две сезони. Од таму пристигна во Металург каде што имаше краток претстој, а забележа настапи во Лигата на Европа.