Од денеска во продажба билети за Вардар – Рајн Некар

Тимот на Вардар ги пушти во продажба билетите за првиот натпревар од квалификациите во Лигата на Европа против Рајн Некар Левен.

Од денеска се продаваат билети на онлајн и во продажните места на MK Tickets по цена од 200, 250 и 300 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар е закажан за 26 август со почеток во 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Продажба на билети, доколку останат слободни места, ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.