Од големата Барса се пресели во Нексе

Младиот српски репрезентативец Огњен Цениќ, беше промовиран како нов ракометар на хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.

17-годишниот среден бек кој досега беше член на Барселона Б, а тренираше и со првиот тим, потпиша договор на четири сезони со Нексе.

„Го одбрав Нексе затоа што мислам дека е вистинска средина за развој на млади играчи. Се радувам на новиот предизвик“, вели Цениќ.

Тој е дете на Партизан, таму ја започна кариерата и мина три години, а со 15 години замина во Барса.

За разлика од неговиот брат кој игра за Шпанија, Огњен е дел од младинските селекции на Србија.