Од Веспрем не можат да се помират со поразот: Боли многу, немавме среќа!

Веспрем имаше убава шанса на домашен терен да ја врати титулата по три сезони кај себе, но не успеа.

Иако славеше на првиот финален меч кај ПИК Сегед со 29-28, сепак дома загуби со 29-30 и гостите се радуваа на титулата поради гол повеќе во гости.

Тренерот Момир Илиќ вели дека неговите момци немале среќа.

„Честитки за ПИК Сегед. Многу не боли поразот, навистина немаврме среќа. Минатиот пат ние постигнавме гол во последните секунди, но сега беше обратно. Не можам да ги обвинам и да им замерам на моите играчи, се боревме и направивме се што треба, горд сум на нив. Жал ми е што не успеавме да ги направиме фановите среќни. Сепак ќе имаме друга шанса да бидеме подобри“, вели Илиќ.

Средниот бек Расмус Лауге не можеше да најде зборови по поразот.

„Тешко е да се загуби на вавов начин. Не можам да најдам зборови, не знам што да кажам. Благодарност до фановите за поддршката, тие создадоа фантастична атмосфера. Многу сме тажни, но ќе се подготвуваме за Ф4 во Лигата на шампионите и ќе се обидеме да изненадиме во Келн“, вели Лауге.

Ривал во полуфиналето на ЛШ на Веспрем ќе му биде полскиот првак Келце.