Од Вардар преку Кристијанштад стигна до Војводина

Словенечкиот репрезентативец Грегор Оцвирк, од следната сезона ќе биде дел од српскиот шампион Војводина.

Тој своевремено од Целје се пресели во Вардар, мина кратко време во Скопје, но не се снајде најдобро и се врати во татковината во Јерусалем Ормож.

Оттаму замина во Шведска, во Кристијанштад, а таму одигра одлични две сезони, но не го доработи договорот до крај.

Денеска беше промовиран како прво засилување за српскиот првак Војводина Нови Сад, која има зголемени амбиции за следната сезона во СЕХА и во Лигата на Европа.