Ригорозна одлука: Романските клубови мора да имаат најмалку 40% домашни играчи во состав!

Министерот за спорт и млади на Романија, Едуард Новак, оваа недела потпиша одлука според кој од сезона 2022/23 сите клубови од сите колективни спортови во Романија (освен фудбалските) мора да имаат најмалку 40% домашни играчи.

Ваквата мерка е донесена за поголема поддршка на романските играчи кои во последните неколку години не добиваат минутажа поради големиот број на странски играчи во романскиот шампионат.

Одлуката на романскиот министер за спорт и млади, која предизвика негативни реакции кај поголемиот дел на романските суперлигаши, веќе е објавена во службен весник и ќе се применува во следната сезона, односно при стартот на романскиот шампионат во машка и женска конкуренција кој започнува во септември.

Ваквата одлука најмногу ги погоди женските екипи на ЧСМ Букурешт, Валчеа, Рапид Букурешт и Дунареа Браила, кои во своите тимови имаат ангажирано голем број на интернационалки, како и машкиот тим Динамо Букурешт.

ЧСМ Букурешт за сезона 2022/23 ќе има на располагање 12 ракометарки од странство, романскиот шампион, Рапид Букурешт 10 интернационалки, Олчим Валчеа осум, додека екипата која во изминатата сезона заврши на 7. позиција во романскиот шампионат, Дунареа Браила, дури 14.

Помалите клубови ја поддржуваат донесената одлука и се надеваат дека во следната сезона ќе можат рамноправно да се носат на домашна сцена со моќните клубови кои имаат поголем буџет од нивниот.