Одложени уште две средби од Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација донесе одлука да одложи уште два натпревари од женската Лига на шампиони.

Станува збор за дуелите меѓу Брест Бретањ – Подравка, како и Валчеа – Будуќност, а причината за одложувањето е јасна – коронавирусот.

Во хрватскиот првак има неколку позитивни случаи, исто е и во романскиот тим, па ЕХФ немаше друго решение освен да ги одложи овие средби.

Засега остануваат следниот викенд да се играат шест натпревари од двете групи, но нема да биде изненадување во текот на неделата да има уште некое одложување.