Одложени два натпревари во последен момент, причината – коронавирус!

Уште два натпревари кои требаше да се играат во текот на утрешниот ден од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Станува збор за дуелот меѓу Турција и Словенија кој требаше да се игра во Ескишехир, како и за дуелот во Бугојно, меѓу Босна и Херцеговина и Австрија.

Во словенечката селекција, има двајца позитивни ракометари на Ковид-19, додека на последните тестирања се покажа дека и во босанската селекција има уште еден позитивен покрај претходните кои се уште се во изолација.

Австриските репрезентативци веќе допатувале на аеродромот во Сараево, но веднаш се вратиле назад, откако им била соопштена најновата вест од босанската федерација.