Одличниот Поповски премалку за Цирих

Тимот на Амичитија Цирих, каде што настапува македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, загуби убедливо на гостувањето кај ТВ Сур Арау.

Арау славеше со плус осум, 28-20, во натпреварот од 4. коло во швајцарскиот шампионат.

Десното репрезентативно крило беше најдобар стрелец во својот тим и постигна пет погодоци, но тоа не беше доволно за позитивен резултат.

Во следното коло, Амичитија и Поповски ќе играат на домашен терен против составот на Вакер Тун.