Одигра одлично на ЕП, па си обезбеди трансфер во Бундес лигата

Холандскиот репрезентативец Дани Бајенс од лето ќе ги брани боите на бундеслигашот Хамбург.

Тој веќе пет сезони е во Германија, претходно играше за Фленсбург и Лемго, но без поголема минутажа, па лани се пресели во второлигашот Хам Вестфален.

Сега по одличните настапи на ЕП, 23-годишниот централен бек, си обезбеди камбек во најсилното натпреварување во светот, откако потпиша за Хамбург.

Бајенс потекннува од Снелвиек Ротердам, играше за Харо и Волендам во татковината, а на ЕП во Унгарија и Словачка даде 35 гола и имаше 21 асистенција.

Холандскиот репрезентативец се обврза на договор на две сезони со Хамбург.