Овче Поле СУ не дозволи изненадување – славеше против Кузман Вардар

Ракометарките на Овче Поле СУ забележаа сигурна победа на домашен терен во 11. коло од плеј-аутот во Женската лига против тимот на Кузман Вардар со 32:19.

Гостинските ракометарки само во поечтните минути успеваа да одржуваат израмнет резултат, а потоа во останатиот дел од мечот Овче Поле СУ имаше контрола на теренот. На полувреме беше 15:9.

Второто полувреме продолжи во ист ритам, Овче Поле СУ со рутинска игра го водеше натперварот до конечен триумф. Со оваа победа тимот од Свети Николе останува на водечката позиција на табелата пред екипата на Спартак.

Најефикасни во тимот на Овче Поле СУ беа Стефанија Павловска и Наталија Манева со по седум гола. Во тимот на Кузман Вардар најмногу се истакна Анастасија Ѓорѓиева со осум погодоци.