Овче Поле подобар од Текстилец во пријателски натпревар

Повратникот на ракометната мапа во Македонија, екипата на Овче Поле веќе неколку недели се подготвува за натпреварувачката сезона, 2022/23.

Како што е веќе познато, клубот од Свети Николе ќе игра во Првата лига, а за проверување на формата, тимот предводен од Зоран Диневски одигра пријателскиот натпревар против Текстилец, на кој забележа триумф, со резултат 31:26.

Овче Поле во Првата лига требаше да игра во група со Јехона, Бисинов, Кичево, Младост, Мулти Есенс, Текстилец, Македонија ЃП и Шампион, но поради откажувањето на неколку екипи, одново ќе има ждрепка кај прволигашите.

Стартот беше планиран за претстојниот викенд, 11/12 септември, кога заедно со Женската лига требаше да тргне и прволигашкиот караван, но засега како нов терммин стои викендот 18/19 септември.