Овче Поле издржа само едно полувреме во Прилеп, Деспина стигна до првата победа

Ракометарките на Деспина од Прилеп ја забележаа првата сезонска победа во Женската лига, откако славеа на домашен терен против Овче Поле СУ со 24-16.

Гостинките од Свети Николе одржуваа рамнотежа во првиот дел кога беше 11-10, но во вториот дел постигнаа само шест погодоци и немаа шанси да стигнат до позитивен резултат.

Домаќинките по 13-12 на стартот на второто полувреме ја направија клучната серија и зголемија на 19-12, па до крајот беше лесно да се одржи стекнатата предност.

Најдобри стрелци кај победничкиот тим беа Елена Рипилоска со осум голови, а по четири постигнаа Јовеска и Цветкоска, додека кај Овче Поле се истакна Вучевска со пет погодоци.