Ова не е хумано: Со само еден тренинг, Кил ќе игра седум меча за 14 дена!

Германскиот и европскиот шампион Кил вчера излезе од карантин и одржа само еден тренинг, а од денеска го почнува нехуманиот маратон со натпревари.

Денеска „зебрите“ играат со Магдебург, а за два дена ќе се соочат со данскиот првак Алборг во Лигата на шампионите.

Иако од Кил бараа одложување на дуелите од Бундес лигата, сепак тоа не им беше одобрено. Среќа во несреќа е што шест дуели се на домашен терен, па барем нема да имаат патувања.

За Филип Јиха и неговите избраници претстои тежок период, во кој ќе бидат одиграни дури седум меча за две недели.

Распоред на натпревари:

21 февруари, Kил – Магдебург, Бундес лига
23 февруари, Кил – Алборг, Лига на шампиони
25 февруари, Нант – Кил, Лига на шампиони
28 февруари, Кил – Фуксе Берлин, Бундес лига
2 март, Кил – Целје, Лига на шампиони
4 март, Кил – Загреб, Лига на шампиони
6 март, Кил – Нордхорх, Бундес лига