Обрван го скрати списокот: Периќ и Граџан продолжуваат со трката за место на ЕП

Двајцата ракометари на Еурофарм Пелистер кои се најдоа на поширокиот списокот на Ивица Обрван, Јосип Периќ и Елмир Граџан продолжуваат со трката за место на Европското првенство откако се најдоа на списокот на Ивица Обрван од 21 ракометар кои ќе финишираат со тренинзите.

Поранешниот селектор на Македонија, кој сега ја предводи БиХ се одлучи за играчите на кои ќе смета до 30 декември, а потоа ќе се приклучат и играчите од Бундес лигата, па ќе биде финализирање на составот од кој ќе се бираат патниците за Европското првенство.

На списокот на играчи кои ќе тренираат од 26 до декември се најдоа: Адмир Ахметашевиќ (Висла Плоцк), Небојша Бојиќ (Целје), Харун Хоџиќ (Шамбери), Ален Овчина (Слобода), Владо Драганиќ (Борац), Енес Кешкиќ (Лудвигсхафен), Лука Периќ (Борац), Ибрахим Хасељиќ (Горење), Адин Фаљиќ (Загреб), Владимир Врањеш (Мешков Брест), Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер), Мирко Херцег (Чурго), Дино Хамидовиќ (Ѓенѓеш), Един Клис (Загреб), Никола Прце (Беса Фамгас), Мирсад Терзиќ (Висла Плоцк), Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер), Милан Вукшиќ (Извиѓач), Иван Карачиќ (Макаби), Дејан Малиновиќ (Балатонфуреди), Александар Милојевиќ (Леотар).

Селекцијата на БиХ е во Групата Е, а за ривали во првата фаза ги има селекциите на Шпанија, Шведска и Чешка.