Обложувалниците не веруваат во Вардар – Келце голем фаворит! (ФОТО)

Европскиот првак Вардар вечерва го игра натпревар од седмото коло во Лигата на шампионите против полскиот првак Келце.

Келце е прв на табелата и се чини дека од сите екипи во оваа група покажа најмногу. Но полскиот тим никогаш не поминува лесно во Скопје, без ралика на составите на тимот или моменталната форма.

Последната победа во Скопје, Келце ја забележа во април 2015 година, а лани успеа да освои бод.

Светските обложувалници и сега му дават предност на Келце, коефициентот за „двојка“ се движи од 1.36 до 1.46, а за победа на Вардар, коефициентот се движи од 3.55 до 4.25.

Досега двете екипи имаат одиграно десет натпревари во Лигата на шампионите, а најчесто победувал домаќинот. Во петте средби во Скопје, Вардар има три победи, едно реми и еден пораз.

Меѓусебни натпревари:

16.11.19 Келце – Вардар 35 : 25
09.11.19 Вардар – Келце 28 : 28
01.12.18 Вардар – Келце 28 : 27
14.10.18 Келце – Вардар 31 : 27
04.12.16 Келце – Вардар 27 : 24
12.11.16 Вардар – Келце 40 : 34
28.11.15 Келце – Вардар 23 : 20
24.10.15 Вардар – Келце 34 : 24
19.04.15 Келце – Вардар 33 : 31
11.04.15 Вардар – Келце 20 : 22