Норвешките „змии“ немоќни против Ференцварош

Унгарскиот вицепрвак Ференцварош славеше вторпат во два дена над норвешкиот шампион Вајперс Кристијансанд во Лигата на шампионите.

Овојпат избраничките на Габор Елек победија со пет гола разлика, 31-26 и со претходниот триумф од 30-28, остануваат во трка по првите две места во групата А што носат директно место во четвртфиналето.

Најдобри стрелци во унгарскиот тим беа Анико Ковачич со осум и Катрин Клујбер со пет голови, додека кај норвешката екипа се истакнаа Рајстед со шест и Итеренг со четири погодоци.

Популарните „змии“ од Норвешка мораат заостанатите натпревари од елитното натпреварување да ги играат на гостински или неутрален терен, па заостануваат во трката за високите позиции, иако имаат квалитетен состав.