Норвешка со финален список за ЕП, Мирхол одложи операција за да игра

Селекторот на Норвешка, Кристијан Берге објави спиосок со 18 ракометари со кои ќе се подготвува за Европското првенство на кое се едни од домаќините покрај Австрија и Шведска.

Од овој состав ќе отпаднат уште двајца играчи по што ќе биде познат конечниот список. Норвешка речиси со најсилен состав ќе се обиде да стигне до добар пласман на првенството и покрај тоа што има проблеми со повредите.

Тонесен е надвор од репрезентацијата откако се повреди на мечот помеѓу Вардар и Веспрем во Скопје, а Бјарте Мирхол иако требаше да оди на операција,  сепак ја одложи и ќе биде во составот.

Состав на Норвешка: Торбјорн Бергеруд (Фленсбург), Еспен Кристенсен (Минден), Кристијан Северес (Алборг), Магнус Јондал, Горан Јоханесен, Магнус Род (Фленсбург), Александар Блонц (Елверум), Кристијан Бјорнсен (Вецлар), Кевин Гуликсен, Магнус Гулеруд (Минден), Бјарте Мирхол, Евинд Танген (Скјерн), Питер Оверби (Ерланген), Сандер Сагосен (ПСЖ), Кристијан Осаливен (Магдебург), Харалд Рајнкинд (Кил), Вилијам Ор (Колстед), Сандер Оверјордет (Хаслум).

Норвешка ќе се натправарува во групата Д на Европското првенство против Босна и Херцеговина, Франција и Португалија.