Норвешка со една репрезентација на СП, а со „втор тим“ во квалификации за ЕП

Селекторот на норвешката репрезентација, Кристијан Берге, објави списоци на „А“ и „Б“ репрезентации за декемвриските собири пред стартот на подготовките за Светското првенство и продолжението на квалификациите за Европското првенство.

Норвежаните не сакаат да ризикуваат на квалификациските средби за ЕП против Белорусија да останат без некој од ракометарите што ги планираат за СП, па затоа се решија да состават две селекции.

Тоа можат да си го дозволат со оглед на големиот фонд на играчи, па сигурно ниту на Белорусите нема да им биде лесно против „Б“ тимот на Норвешка.

Тие две средби се играат на 5 и 8 јануари, додека Мундијалот во Египет стартува на 13 јануари.