Норвешка се врати, со фуриозна игра до висока победа против Полска

Репрезентацијата на Норвешка беше убедлива во првиот натпревар од главната фаза и ја декласираше селекцијата на Полска со 42:31 за први бодови во групата 2 на Европското првенство.

Полска беше рамноправна само десетина минути, а потоа Норвежаните имаа целосна контрола на играта и резултатот. Првото поголeмо водство Норвешка го имаше во 13. минута кога Бјорнсен погоди за 10:6 и серија од пет гола.

До крајот на првото полувреме продолжи ефикасната игра на двете страни, а скандинавскиот тим сигурно ја чуваше предноста и дури ја зголеми. После одиграни 30 минути беше 21:15.

Норвешка имаше перфектен старт на второто полувреме и за десет минути го реши натпреварот кога стигна до двоцифрена предност од 27:17. До крај на натпреварот без поголеми проблеми избраниците на Берге ги запишаа првите бодови во главната фаза.

Најефикасен во состаовот на Норвешка со десет гола беше Бартхолд со десет гола, девет постигна Сагосен додека на осум погодоци стрелец беше Бјорнсен. Во тимот на Полска перфектно издание имаше Морито со десет гола без промашување.

20 јануари 2022
31 - 42
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
20 јануари 2022 22:09 EURO22 2GRUPA 2021/2022 20.01.2022 60'

Место

„ОНДРЕЈ НЕПЕЛА“ БРАТИСЛАВА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПОЛСКА1531Пораз
НОРВЕШКА2142Победа

ПОЛСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеуш Корнецкиголман01
3Михал Дашекдесно крило00
4Пјотр Једрашчукцентрален бек01
5Михал Олејничакцентрален бек02
9Симон Сичколев бек06
12Пјотр Пјетрашиклев бек10
18Мелвин Бекманлев бек11
19Јан Чуваралево крило02
20Мациј Пилитовскицентрален бек01
21Камил Шипжакпивот02
23Аркадиуш Моритодесен бек010
26Пжемислав Крајевскилево крило00
30Рафал Пжибилскидесен бек12
36Давид Давиџикпивот03
40Матеуш Зембжицкиголман00
49Пјотр Чрапковскилев бек00
 Вкупно 331

НОРВЕШКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Ветле Ек Агацентрален бек10
5Сандер Сагосенлев бек09
6Себастијан Бартолдлево крило010
7Сандер Оверјордетлев бек00
11Петер Овербипивот21
12Кристијан Саверасголман00
13Ерик Торстејнсен Тофтлев бек13
15Кент Робин Тонесендесен бек03
19Кристијан Бјорнсендесно крило08
21Магнус Гулерудпивот11
24Кристијан О’Саливенцентрален бек02
27Харалд Рајнкинддесен бек01
30Торбјорн Бергерудголман00
32Томас Солстадпивот01
44Кевин Магеро Гуликсендесно крило03
71Александре Кристоферсен Блонцлево крило10
 Вкупно 642

Officials

Судии:
Артур Брунер -Швајцарија
Морад Салах -Швајцарија

ЕП 2022, ГРУПА 2 – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА54018
2ШВЕДСКА53026
3СЛОВЕНИЈА53026
4ПОРТУГАЛИЈА52125
5НОРВЕШКА52034
6ХОЛАНДИЈА50141