Норвешка го доби скандинавското дерби, Холандија убедлива против Швајцарија

Репрезентацијата на Норвешка без пораз ја мина првата фаза од Златната лига, откако во последниот натпревар славеше против Данска со два гола разлика, 29:27.

Норвежанките во второто коло беа убедливи против Холандија со 27:19, додека на стартот на Златната лига, исто так остварија убедлива победа против селекцијата на Швајцарија со 17 гола разлика, 39:22.

Во вториот натпревар од Златната лига, селекцијата на Холандија, која е еден од ривалите на Македонија на ЕП оствари лесна победа против Швајцарија

Избраничките на Пер Јохансон иако настапија без неколку стандардни репрезентативки, многу лесно ја совладаа Швајцарија со 38:25 и ја потврдија добрата форма пред стартот на континенталниот собир.

Холандија во 2. коло беше убедливо поразена од Норвешка, а во првото коло ја совлада Данска со 30:22.