Норвешка гази сè пред себе, лекција и за светските шампионки

Репрезентативките на Норвешка продолжуваат да прикажуваат доминантен ракомет на Европското првенство за жени, а во првиот натпревар од главната фаза беа убедливи против Холандија и триумфираа со 32:25.

Норвешка го задржа максималниот ефект после четири одиграни натпревари и се доближи до пласман во полуфиналето кое според прикажаното на терен сигурно го заслужуваат.

На почетните 2:0 за Холандија, Норвежанките одговорија со серија од четири гола и го преземаа водството кое го чуваа сигурно во продолжението. Холандија имаше многу проблеми со агресивната противничка одбрана и во периодот од 13. до 21. минута беше без постигнат гол.

Норвешка знаеше да го искористи овој кризен период на противникот и направи серија од 5:0 за водство од 12:6. До крајот на првиот дел, Норвежанките без многу проблеми успешно ја сочуваа предноста и на полувреме имаа водство од 16:10.

Доминацијата на Норвешка продолжи и во второто полувреме, веќе во 42. минута беше 24:16 негатива која беше недостижна за Холандија. Предводени од одличната Нора Мерк, Норвежанките стигнаа и до двоцифрена предност во 48. минута при резултат 28:18.

До крајот на дуелот Холандија успеа само да ја намали негативата и да го ублажи поразот. Со овој пораз Норвешка се доближи до пласман во полуфиналето, додека Холандија нема никакви шанси и останатите натпревари се можност само да се поправи впечатокот.

Најефикасна во репрезентацијата на Норвешка беше Нора Мерк со осум погодоци, додека Офтедал постигна пет, а Дале и Скогранд погодија по четирипати. Во составот на Холандија, Ангела Малештајн постигна пет гола, а Луис Абинг погоди четирипати.