Норвешка вчера обезбеди титула, но и дуели против Македонија

Репрезентацијата на Норвешка од вчера е новиот Европски шампион и првата селекција која успеа да дојде до осмата круна на првенствата на Стариот континент.

Оваа победа на Норвешка на Европското првенство и донесе уште три работи. Уште со пласманот во полуфиналето си обезбеди пласман без квалификации на Мундијалот во Шпанија следниот декември.

Победата и златниот медал вчера на Норвешка и донесе и директен пласман на следното Европско првенство кое во 2022 година се одржува во Македонија, Црна Гора и Словенија. Ова значи дека веќе се познати четири учесници на шампионатот, а другите 12 ќе бидат добиени преку квалификациите.

Третата работа е ЕХФ купот кој досега се играше само во машка конкуренција. Норвешка ќе игра заедно со трите домаќини на пријателски средби. Тоа значи дека Македонија ќе спарингува и со Норвежанките како и со другите два домаќини во термините кога другите селекции ќе играат квалификациски средби.