Норвежанките ја пееја „Неописиво“ заедно со Хрватките (ВИДЕО)

Иако Норвешка го освои златниот медал, главната атракција и понатаму на Европското првенство во Данска се репрезентативките на Хрватска.

Тие знаеја како да се израдуваат на бронзениот медал кој е најголем успех на оваа земја на големите натпреварувања така што успеаја да се изборат за место на тронот.

Откако се појавија со круни на главата и на сите им покажаа уште еднаш зошто се „Кралици на шокот“, тие знаеја како и да се израдуваат после освојувањето на бронзата.

Додека ја пееја навивачката песна „Неописиво“ им се придружија и дел од ракометарките од Норвешка. Се работи за навивачка песна која е дело на навивачката група „Запрешич бојс“ направена за фудбалската селекција пред настапот на Мундијалот во 2014 година.

Како изгледаше ова можете да погледнете во видеото во продолжение.