Норвежаните не се залетуваат: Ако Македонија има свој ден – може да ги победи и најдобрите!

Машката репрезентација на Македонија ја делат два дена од првиот настап на Светското првенство во Полска и Шведска.

Селекторот на еден од фаворитите за висок пласман и наш ривал, Норвешка, вели дека ако Македонија има свој ден, може да победи секого.

„Македонија и Холандија се две репрезентации кои играат на високо ниво и ако имаат свој ден можат да победат дури и против најдобрите. Аргентина е можеби послабо рангирана, но ние мора да играме најдобро за да ги добиеме трите меча. Мораме да бидеме фокусирани од самиот почеток. од друга страна, ниту еден од ривалите па не е толку добар, за да не можеме да се наречеме фаворити против нив“, вели Виле.

Македонија ќе игра против Норвешка на 13 јануари во првиот натпревар во „Таурон Арена“ од 20:30 часот.