Нокаутира ривал со топка во глава и доби црвен картон (ВИДЕО)

На мечот меѓу Динамо Букурешт и Висла Плоцк од Лигата на шампионите, судиите доделија еден црвен картон.

Хрватскиот лев бек Анте Кудуз, некогашен член на Вардар, мораше по првиот дел да се пресели на трибините.

Кудуз го изведе последниот удар од девет метри по истекот на времето во првиот дел, но место во гол, со топка го погоди во глава Крајевски.

Полјакот вресна од болка, падна на теренот и лекарската екипа влета на теренот. Судиите му доделија црвен картон на Кудуз, иако тој, соиграчите и клупата тврдеа дека ударот бил во рамото.

Погледнете…