Нов трофеј за Митревски, Порто го освои Купот на Португалија

Никола Митревски и Порто ја потврдија апсолутната доминација во Португалија освојвувајќи ја двојната круна. Во полуфиналето од Купот победија после продолженија, но во финалето беа сигурни и ја совладаа Бенфика со 31:27.

Порто добро започна и прв стигна до поголема предност, тимот на Митревски поведе со 6:3, а потоа беше и 9:5. Во продолжениет Бенфика успеа да се врати во игра и да израмни на 10:10. До крајот на првиот дел Порто сепак обезбеди предност од 16:14.

Второто полувреме започна со многу нервоза на двете страни и многу исклучувања. Порто многу брзо го врати највисокото водство од првиот дел од четири гола и без многу проблеми го сочува до крај за конечен триумф и нов трофеј.

Никола Митревски уште еднаш беше еден од најзаслужните за победата на својот тим, во клучните моменти беше на нивото на кое брани цела сезона. Митревски имаше седум интервенции и даде огромен придонес во освојувањето на трофејот во Купот.