Нов случај на коронавирус – позитивен уште еден ракометар!

По двајцата ракометари на шпанскиот второлигаш Малага, има нов случај на позитивен ракометар на коронавирусот.

Станува збор за член на францускиот второлигаш Лимож, чиј идентитет се уште не е откриен.

Овој клуб ги откажа тренинзите и сите натпревари во следниот период, а продажбата на билети е стопирана.

Сите играчи, членови на стручниот штаб и вработени во Лимож се под докторски надзор, а анализи ќе бидат направени на ракометарите од екипите против кои Лимож играл во последните две седмици.