Нов проблем за Кил – Ландин два месеци во аут!

Откако на подолго време остана без Никола Билик, тимот на Кил ќе мора да се снаоѓа и без Никлас Ландин во следните два месеци.

Данскиот репрезентативен голман имаше проблем со менискусот, веднаш му беше направена операција и би требало да се врати на терените на средината на ноември.

Кил ќе се потпре на Дарио Квинштет за првите средби во Бундес лигата и за продолжението во Лигата на шампионите, а втор чувар веројатно ќе побараат во младинската екипа.

Најважно е дека ќе го имаат Ландин на располагање на 28 и 29 декември, кога ќе се игра завршниот турнир од претходната сезона во ЛШ.